Објавено на:

Во бомбашки напад во Кабул е убиен истакнат талибански свештеник

t

Тој загинал во својот верски центар во главниот град на Авганистан, соопштија властите. Официјалните лица го идентификуваа свештеникот како Рахимула Хакани, кој дипломирал на исламски универзитет во Пакистан со долгогодишни врски со талибанците.

Талибанците ја потврдија смртта на Хакани и рекоа дека тој бил „голема личност и академик“ и дека бил убиен во „брутален напад од непријателот“.

Се уште никој не ја презел одговорноста за убиството.

Локалниот огранок на терористичката група Исламска држава ги напаѓа талибанците и цивилите откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан минатиот август, додека трупите на САД и НАТО сè уште беа во завршна фаза на повлекување од земјата.

По нападот, талибанските војници ги спречија новинарите во Кабул да стигнат до верскиот центар на Хакани. Талибанските власти, исто така, не прецизираа каков тип на бомба експлодирала, ниту дали некој друг бил убиен или ранет во нападот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Пендаровски: Силјановска си закажала дебата сама со…

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети,…

Русија во нападите врз Украина во април…

Петровска од Тетово: Предвидуваме рекордни 1,35 милијарди…

Носителката на кандидатската листа на СДСМ за…