Објавено на:

Дарчиев: Ставете ја Русија на списокот и ќе следува целосно уништување!

t

Москва го предупреди Вашингтон дека ставањето на Русија на списокот на земји кои го спонзорираат тероризмот ќе биде точка од која нема враќање и ќе предизвика тотален прекин на односите.

Директорот на Одделот за Северна Америка во Министерството за надворешни работи на Русија – Александар Дарчиев се осврна на иницијативата во американскиот Конгрес Русија да се прогласи за „спонзор на тероризмот“.

„Доколку биде усвоен, тоа би значело дека Вашингтон ќе ја премине точката од која нема враќање, со многу сериозна колатерална штета на билатералните дипломатски односи, кои драстично би биле намалени или дури и прекинати. Американската страна е предупредена“ – изјави Дарчиев за ТАСС.

Секоја можна американска заплена на руски имот целосно ќе ги уништи билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон, рече Дарчиев.

„Ги предупредуваме Американците на штетните последици од ваквите дејствија, кои трајно би ги оштетиле билатералните односи, што не е ниту во наш ниту во нивен интерес“ – рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…

Изградба на нуклеарна централа на Месечината и…

Изградбата на првата нуклеарна централа на Месечината,…