(Видео) SpaceX испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

t

Американската компанија SpaceX успешно ја лансираше ракетата Falcon 9 со нов круг микросателити Starlink, се вели во соопштението на веб-страницата на компанијата.

Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а 46 микросателити беа лансирани во ниската земјина орбита, пренесува Танјуг.

По фазата во која сателитите ќе се одвојат од Фалкон 9, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.

Мрежа за Интернет

Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.

SpaceX, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното ставање во функција ќе чини 10 милијарди долари.

Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повреден специјалец од „Тигрите“ во касарната „Илинден“…

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ се…

Вучиќ: Бесмислено е СНС да учествува на…

Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, смета…

Мицкоски: Реалната нето-плата пораснала за 5,2 отсто,…

Реалната нето-плата во Македонија бележи годишен раст…

Мачето Мими бара дом: Вработените на Клиниката…

Една необична и топла приказна доаѓа од…

Маѓар: Запленети се средствата на поранешниот министер…

Унгарскиот премиер Петер Маѓар објави дека Националното…