СДСМ: Препораките на комисијата се според принципот на реципроцитет
Препораките на мешовитата комисија за историски прашања се на принцип на реципроцитет и тие не задираат во идентитетот и тоа не може да го промени ниту една лага, ниту едно нервозно соопштение од белиот дворец, реагираше денеска СДСМ на претходните напади на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дебакл доживеаја лажните вести и дезинформации пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно бришење или менување на историјата се потопени. Нема никаква асимилација, нема никаква бугаризација со кој ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеше граѓаните, затоа денеска се нервозни во белиот дворец, затоа што не им успеа да го излажат народот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа и останаа на спротивната страна од државните и националните интереси“ – се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…
Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…