Грчева: За мене прифатливо прашање е “Дали сте за еднострано раскинување на договорите?”
Претседателката на “Глас за Македонија” Солза Грчева преку Фејсбук статус предлага референдумското прашање да гласи “Дали сте за еднострано раскинување на договорите.”
“За мене прифатливо референдумско прашање е: “Дали сте за еднострано раскинување на договорите?”
Без ЕУ, без мрљавења, безусловно!
Впрочем Грција нема намера да го исполнува договорот, ЕУ нема намера да не прими, а денес во Бугарија слават.”, напиша Грчева на Фејсбук.
Дополнително како одговор на прашање во коментар Грчева практично се согласи со граѓанин дека референдум не е потребен:
“… затоа реков чисто прашање. Без ЕУ и други лаги. И ако сме власт, не треба референдум. Претседателот\ Премиерот ги кине договорите. Зборувам за можностите од позиција на опозиција. И зборувам за двата договора, не само за бугарскиот”, вели Грчева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија е можно да има референдум…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…
Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…
„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…
Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери…
Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не…
(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите…
Политичката партија Левица вчера до Собранието ја…
4 години од неуспешниот референдум за промена…
На 30 септември 2018 година беше одржан…