Траги-комедија: Владата била 100% активно транспарентна
Владата на Република Македонија има максимални 100% активна транспарентност од можни 100%, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации.
Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25% транспарентност во 2016 година, денес, согласно рангирањето има целосна, односно 100% транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6% на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент.
Според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73% и во однос на минатата година, кога изнесувала 63%, е подобрена за десет процентни поени. Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81% од институциите. Активната транспарентност на министерствата и на Владата изнесува 85%, а на општините 70%. За разлика од лани, министерствата се подобриле за шест процентни поени, а општините за десет.
Владата на Република Македонија продолжува посветено да работи на сочувување на транспарентноста и редовно и навремено да ги објавува информациите од јавен карактер што е и еден од нашите врвни приоритети. Активната транспарентност е најдобра превенција од корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…
Иван Стоилковиќ не е важен и не…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
Радев го додели третиот мандат: Мала е…
Претседателот на Бугарија Румен Радев му ја…
Владата вели дека не го именувале Ибрахим…
„Постоеше предлог за именување на в.д. заменик…