Четири активни пожари до 19 часот во Македонија
Известување од Центарот за управување со кризи, активни пожари до 19.00 часот.
АКТИВНИ ПОЖАРИ
- Шумски пожар помеѓу Богомила и Гостиражни кај големиот тунел. Дејствуваат 5 вработени од ШС Бабуна со едно теренско возило 1 шумар.
Кракот кој што е во правец на с.Богомила е изгаснат од страна на месното население, а другиот крак према стариот пат за Прилеп – Гостиражни го гаснат ШС Бабуна. Опожарена е ретка дабова шува трње и трева. - ТППЕ Тетово од 17:30 часот интервенира на запалена сува трева и багрем кај с. Требош спрема с. Чепчиште со 1 ПП возило и 3 пожарникари.
- Пожар во Охрид на ул: Ирена Гинова Мирка од 17.45 часот. Запалена е сува трева и необработливо земјште – ниви. На тереан има 1 ПП возило и 3-ца пожарникари.
- БППЗ на град Скопје од 12.05 часот гасат запалена сува трева и мешана шума на површина од 10 ХА во село Смесница со 2 ПП возила и 6 пожарникари.
ИЗГАСЕНИ ПОЖАРИ
- ТППЕ Штип од 10.10 до 11.15 пожар во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ 4 пожарникари со 2 ПП возила. Како последица од пожарот во Клиничка болница Штип се примени двајца пациенти со телесни повреди.
- ТППЕ Кочани од 09,15 до 09,40 часот интервенирале на запалено моторно возило на плоштадот во градот Кочани со 2 пожарникари со 1 ПП возило.
- Пожарот во село Радибуш е ликвидиран во 11:45. Учествувале 3 пожарникари со 1 ПП возило, 7 вработени во ЈП Македонски шуми со 1 возило и 2 од месно население. Опожарена е борова шума со површина од 10 декара.
- ТППЕ Крушево интервенирала од 08.00 до 10.00 часот за запалена граддска депонија со 1 ПП возило и 2 пожарникари.
- БППЗ на град Скопје од 08.05 до 08.25 часот гаселе запален пластичен контејнер на површина од 2 м2 на ул. Ѓорче Петров б.б. со 1 возило и 3 пожарникари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…
Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
