За изборите отворена подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово

t

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово ќе биде отворена денеска во периодот од 7 до 19 часот, кога се одржуваат изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и на Центар Жупа и за членови на Советот на општината Тетово. Граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се обратат во канцеларијата или на телефонскиот број 044 344-082.

Од Канцеларијата на Народниот правобранител соопштија дека правата на граѓаните тој ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

– Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…

Првичните резултати на Државната изборна комисија од…

Нови протести во Париз пред обраќањето на…

По мирното утро, улиците на Париз повторно…

Немирите се шират низ Италија, малолетници се…

Мирните протести во Италија против високите трошоци…

Проектил погодил гасна инфраструктура при вежба? Нови…

Експлозијата и смртоносниот пожар во канадската воена…

Заврши гласањето: Затворени избирачките места во општина…

Заврши гласањето во општина Брвеница, затворени се…