Постигнат потребниот цензус за избор на градоначалник во Маврово и Ростуше!

t

На денешнте избори за градоначалник на општина Маврово и Ростуше до 15 часот, правото на глас го оствариле 3.423 лица, односно 34,41 роценти од вкупниот број на граѓани запишани во избирачкиот список, информираа од ОИК Маврово Ростуше, со што е постигнат потребниот цензус.

Според претседателката на ОИК, Ивана Ѓорѓиевска изборниот процес се одвива во фер и демократска атмосфера и нема прекини во изборниот процес.

Во Маврово и Ростуше , право на глас имаат 9.948 граѓани кои гласачкото право го остваруваат на 39 избирачки места. Бидејќи има двајца кандидати, овие локални избори ќе завршат во прв круг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…