Објавено на:

Русија трипати ја употреби хиперсоничната ракета Кинжал во Украина, вели Шојгу

t

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија во текот на „посебната воена операција” во Украина трипати употребила хиперсонична ракета Кинжал.

Тој говорејќи за руската државна телевизија истакна дека ракетите Кинжал се покажале како ефикасни во гаѓање на цели со висока вредност во трите случаи.

– Трипати ги употребивме за време на специјална воена операција. Трипати покажаа брилијантни карактеристики, истакна Шојгу.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека три воени авиони МиГ-31Е опремени со ракети Кинжал се дислоцирани во Калининградската област, руска енклава на балтичкиот брег, што се наоѓа помеѓу земји-членки на НАТО и на ЕУ, Полска и Литванија.

Ракетите Кинжал се дел од серијата ново хиперсонично оружје што рускиот претседател Владимир Путин гo претстави во 2018 година, истакнувајќи оти можат да погодат цели речиси секаде во светот и да го избегнат американскиот противракетен штит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…