Објавено на:

Ирска повторно ја отвара амбасадата во Украина

t

Ирска денеска соопшти дека повторно ја отвора својата амбасада во Киев, откако таа беше евакуирана на почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари.

„Амбасадата ги продолжува своите активности во Киев, а главниот приоритет на нашиот тим ќе биде да ја обнови и развие нашата мрежа на контакти со претставниците на украинската влада за подобро да ги информираме за поддршката и помошта од Ирска”, наведе ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковини.

Ирска е членка на Европската унија, која воведе санкции кон Русија по нејзината инвазија на Украина и го поддржува Киев. Сепак, Даблин одби директно да испорача смртоносно оружје на Украина, наведувајќи ја нејзината воена неутралност.

Во последниве месеци, голем број земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија и САД, повторно ги отворија своите амбасади во Киев, бидејќи опколената украинска престолнина повеќе не е толку загрозена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блинкен: Русија ќе мора да ѝ плати…

Највисокиот американски дипломат го извести украинскиот претседател…

(Видео) Блинкен и Кулеба отидоа на пица…

За време на ненадејната посета на Киев,…

Шокантни информации на Стејт департментот: Тешките загуби…

Портпарол на Стејт департментот синоќа коментираше за…

Зеленски разреши близок соработник

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши…

ЕУ ја продолжи трговската поддршка за Украина…

Советот на ЕУ конечно го одобри продолжувањето…