(Видео) Србија позиционираше воена техника до административната линија со Косово
Минатата недела во Брисел се одржаа разговори меѓу Александар Вучиќ и Албин Курти. Српското раководство и властите во Приштина не можеа да постигнат договор, косовската страна постави нереални барања и всушност одби да ги исполни претходно склучените договори, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ.
На средбата со политичките претставници на косовските Срби, Александар Вучиќ вети дека ќе го заштити српскиот народ од протерување доколку мировниците на НАТО не можат да го направат тоа.
Србите веќе неколку дена позиционирааат колони воена опрема до административната линија, а армиски единици се распоредуваат на југот од земјата. Според Александар Вучиќ, раководството на Србија не планира воена операција на Косово и Метохија. Но, доколку провокациите што се очекуваат во регионот излезат од контрола, тој ќе биде принуден да реагира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…