Министерството за образование го затвора Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” – Апел за спас на Мал Битолски Монмартр!

t

Апел за спас на Мал Битолски Монмартр!

Министерството за образование и наука на Македонија по 4О години го затвора Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола а со тоа култниот светски бренд “Мал Битолски Монмартр” веќе ќе го нема! – пишува Славчо Неделковски на Фејсбук.

– Откако Управниот Одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола на О5.О5. оваа година донесе Одлука за целосна реорганизација на активностите на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола кое 41 година е организатор на култната и најстарата [ по Гинисова книга на рекорди и најголема ] светска детска ликовна колонија од Министерството за образование и наука на Македонија со информации дека веќе нема да ја имаме нивната поддршка.

Иако 3О години министерството обезбедуваше само една плата за едно лице [ технички секретар ] и електрична енергија сега по “ничија грешка” се констатира незаконитост во таа активност и веднаш се прекинуваат сите форми на финансирање.

Цинична сума од 6О.ООО денари месечно која нас не одржуваше во живот а годишно 8О деца ги правеше ликовни уметници и амбасадори на својата земја низ светот.

Ученици од 5 до 2О годишна возраст кои бесплатно ликовно се едуцираа и го развиваа својот талент во нашите простории но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг [ Кина ] па до Португалија.

Имено само изминатите шест [ 6 ] месеци нашите ученици на 1О светски детски ликовни конкурси и 5 светски детски ликовни колонии освоија над 85 награди. И така нив денес ќе им соопшиме дека нема настава од септември и ќе им речеме: “Браво и збогум!”

Со ова сме доведени во ситуација во која апелираме сите здраворазумни граѓани и општествено одговорни компании во Македонија да ни помогнат со гест на поддршка и финансиска помош за да опстои единствениот светски детски бренд од Македонија – Мал Битолски Монмартр.

Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола од утре ќе преземе и конкретни активности со комуникација со своите долгогодишни партнери од цел свет – УНЕСКО – Амбасадите на странските земји во Македонија и Генералните Конзулати во Битола како и органите на власт – било тоа да е локална или државна a кои имаат уши а не “граматички грешки”.

Ние нема да дозволиме нечии “граматички грешки” да доведат до бришење на скоро полувековната историја на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола а од вас бараме само поддршка во форма во која сте во можност да ја обезбедите.

Тековно ќе информираме за прес конференции – посети на дипломати – носители на општествени функции и стопанственици но и Битолчани …

Ние нема да дозволиме ликот и делото на светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски кој ја постави Македонија на светската мапа да замре поради вашите хирови.

Искрено ваши

Елена Хаџи-Антоновска

Ангела Каранфилова

Славчо Неделковски

[ за контакт ве молиме на О71 74 74 71 Славчо ]

Истотиот апел е достапен и на англиски јазик.

ЛИНК од објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа во Македонска Каменица: Повреден…

Тешка сообраќајка се случила вчера во Македонска…

Левица оддаде почит на загинатите во Вејце…

„Денес во село Вејце, тетовско, положи свежо…

Дачиќ: Вонредна седница на Советот за безбедност…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Лукаревска: Вредностите секогаш нѐ обединувале, и кога…

“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има…