Украина очекува 16 милијарди долари дополнителна помош од меѓународните партнери
Украинскиот премиер, Денис Шмихал, изјави дека Украина годинава очекува до 16 милијарди долари дополнителна помош од своите меѓународни партнери.
Шмихал додаде дека земјата останала финансиски стабилна благодарение на поддршка од заемодавачи откако Русија почна воена операција кон крајот на февруари.
Украинскиот премиер нагласи дека над 40 отсто од буџетот на Владата на Киев годинава, односно околу 11,5 милијарди долари, се распределени за воени потреби.
Во износот се вклучени околу 7,7 милијарди долари за воени плати и дополнителни 3,65 милијарди долари за набавка на опрема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…