Зеленски: Не сме спремни за прекин на огнот со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не е подготвен за прекин на огнот и не планира да ја стабилизира ситуацијата за да ја „смири Русија“.
„Таму каде што сме, не сме подготвени за прекин на огнот. Објаснивме дека нема да има Минск-3. Затоа, државата Украина нема да се занимава со стабилизирање на ситуацијата каде што сега се наоѓаат војниците, за некако да ја смири Руската Федерација“, рече Зеленски.
Зеленски додаде дека властите во Киев сакаат да се постигне „многу“ пред почетокот на зимата.
Претходно, Зеленски изјави дека доколку во Доњецката Народна Република се одржи меѓународен трибунал за украинската армија, тогаш преговорите меѓу Украина и Русија ќе бидат невозможни. Претседателот на ДНР Денис Пушилин рече дека нема да го одложи Меѓународниот трибунал за воени злосторници. Тој исто така спомна дека Министерството за надворешни работи на ДНР работи на привлекување претставници на меѓународната заедница да учествуваат во Трибуналот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…