Владата најде решение за Арачиново: Се сеќавате кога имаше 50.000 на протест против францускиот? Ни јас, малку ни е!
Владата експресно најде решение за проблемот со електричната енергија во Арачиново, откако жителите денеска излегоа на протест пред ЕВН по тридневниот прекин на снабдувањето со струја.
Ваквото брзо решение наиде на лавина реакции на социјалните мрежи, а меѓу нив Божидар Божиновски пишува:
– “Ви текнува кога 50.000 демонстранти беа на протести 10 дена против францускиот предлог, против основното достоинство да не им се менува јазик, идентитет и историја како владата ги послуша и отстапи? Ни мене не ми текнува пошто во тоа време ги пуштија медиумските пци да лажат за договорот и да етикетираат секој кој е против него. Не им се слушна гласот според анкетите на 73% од Македонците. И никому ништо.
Денес владата експресно најде решение за Арачиново во кое според ЕВН во една година се троши струја за 6 милиони евра. И не се плаќа.
Малку ни е? Малку ни е.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов случај на западнонилска треска и во…
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска…
Полицијата пукаше во Арачиново, возач со камион…
– На 24.05.2026 околу 12:00 часот на…
МВР, шумската полиција и „Национални шуми“ во…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…
Малолетник повреден од остар предмет во училиште…
На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР…
(Видео) Гори дива депонија во Арачиново –…
Загрижени граѓани испратија видео до редакцијата на…