Тортевски: Молкот на Вилма значи дека луѓе од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и МВР

t

Адвокатот Александар Тортевски кој инаку е и член на раководството на политичката партија „Твоја“ смета дека луѓе од поранешната влада се уште го контролираат врвот на Јавното обвинителство и државниот обвинител Љубомир Јовески и МВР ако никој не презема ништо за изјавата на дека предходната влада вршела притисоци за судски случаи.

Вилма изјави дека од претходната влада имала сериозни притисоци за одредени луѓе и предмети. Ако никој не превзема ништо а ова го изјавува шефот на одделот за организиран криминал, тоа значи дека луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и МВР”, пишува Тортевски на „Твитер“.

Шеф на таа влада за која зборува Русковска беше Зоран Заев чиј предлог беше државниот обвинител Јовески кој сега ја суспендира Русковска.

Најблизок човек на Заев беше Оливер Спасовски кој сега со суспензијата на Русковска може привремено да се спаси од прогон за два предмети за кои обвинителката истражува.

Друг најблизок човек на Заев беше Љупчо Николовски кој беше вицепремиер а сега е министер за земјоделие. Деновиве и тој е дел од голем скандал кој ќе биде објавен наскоро.

Во исто време со суспензија на шефицата на одделот за организиран криминал Вилма Русковска од прогон може да се спаси и братот на Заев, Вице кој се спомнува во предметот „Рекет во РЕК Битола” кој го истражува Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

На Русковска и нуделе функција да прекине…

Истите личности кои ми нудеа да бидам…

Каде е Директорот на финансова полиција?

Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно…