(Видео) Референдум се бара за да има за што да се зборува во следните 6 месеци: Тоа е криење зад народот
Ставот на ГРОМ Ее јасен и стоечки, за разлика од ставот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е лежечки, а тоа е дека нема потреба од референдум кој 102, 6% ќе биде неуспешен, вели Стевчо Јакимовски во денешната епизода на “Тешки муабети”.
Ние предложивме конкретен предлог, ајде сите проопозициони партии да потпишеме дека на прва седница во Собрание откако народот ќе ни даде доверба ќе ги поништиме овие француски, бугарски договори. Ако сака народ ќе даде доверба и нема потреба од референдум.
Одење на референдум е криење зад народот, народот да ни го собере гајлето, нема да има мнозинство, а тоа ќе му овозможи на некој алиби за следните потези односно уставни промени.
Се бара референдум за наредни 6 месеци да има за што да се зборува, нема што друго, така планираат они да добијат државни пари па со бини и митинзи да зборуваат за референдум.
Овој прогласува енергетска криза, овој бара референдум, оти не знаат друго што да зборуваат…, вели Јакимовски.
– Има една опасна теза која се лиферува по партиски штабови, да изгласаат “комуњариве” се па ние раат, а втората теза е нека влезат Бугари во Устав и така ќе бидеме диференцирани… Тоа се две тези…”, додава Александар Митовски.
– Целата работа е Македонија да ја нема, еве Албанија и Бугарија си соработуваат. Бугарите се како рак, ќе напаѓаат во контонуитет ако видат дека ни е паднат имунитетот, вели Јакимовски.
Следете ја емисијата во живо на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Србија е можно да има референдум…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…
Нема веќе нов договор: Мицкоски нема ни…
„Оваа егзибиционистичка и лоша политика која ја…
Апсиев: Oва враќање на иницијативата од Џафери…
Иницијативата не е одбиена. Значи, ова не…
(Видео) “Дали сте за продолжување на преговорите…
Политичката партија Левица вчера до Собранието ја…
4 години од неуспешниот референдум за промена…
На 30 септември 2018 година беше одржан…