Уште четири држави во САД го укинаа правото на абортус
Законот со кој се забранува абортусот стапи на сила во уште четири американски сојузни држави, со што дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеци по историската одлука на Врховниот суд да го прекине тоа право.
“Вашингтон пост“ пишува дека на 21 милион жени сега им е забранет или строго ограничен пристапот до абортус во најмалку 13 држави.
Тенеси, Тексас, Ајдахо и Северна Дакота, каде на власт е Републиканската партија, им се придружија на другите држави кои донесоа привремени забрани во пресрет на пресудата на Врховниот суд.
Врховниот суд, составен од шест конзервативни судии од вкупно девет, на 24 јуни го укина уставното право на абортус што беше во сила речиси 50 години и ја врати јурисдикцијата на секоја држава да донесува закони за ова прашање.
Одлуката, историска победа за конзервативното движење, покрена политичка бура и го стави прашањето за абортусот во центарот на кампањата за наредните парламентарни избори што треба да се одржат во ноември.
Откако Ро против Вејд беше отфрлен, 13 држави го забранија или значително го ограничија пристапот до абортус, велат од Институтот Гутмахер, кој се залага за пристап до контрацепција и прекинување на бременоста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…