Објавено на:

Уште четири држави во САД го укинаа правото на абортус

t

Законот со кој се забранува абортусот стапи на сила во уште четири американски сојузни држави, со што дополнително се ограничува пристапот до абортус во САД, два месеци по историската одлука на Врховниот суд да го прекине тоа право.

“Вашингтон пост“ пишува дека на 21 милион жени сега им е забранет или строго ограничен пристапот до абортус во најмалку 13 држави.

Тенеси, Тексас, Ајдахо и Северна Дакота, каде на власт е Републиканската партија, им се придружија на другите држави кои донесоа привремени забрани во пресрет на пресудата на Врховниот суд.

Врховниот суд, составен од шест конзервативни судии од вкупно девет, на 24 јуни го укина уставното право на абортус што беше во сила речиси 50 години и ја врати јурисдикцијата на секоја држава да донесува закони за ова прашање.

Одлуката, историска победа за конзервативното движење, покрена политичка бура и го стави прашањето за абортусот во центарот на кампањата за наредните парламентарни избори што треба да се одржат во ноември.

Откако Ро против Вејд беше отфрлен, 13 држави го забранија или значително го ограничија пристапот до абортус, велат од Институтот Гутмахер, кој се залага за пристап до контрацепција и прекинување на бременоста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…

Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…

Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…

Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…

Канцеларијата за контрола на странски средства при…