Објавено на:

Кина реагираше на посетата на амекирканската сенаторка на Тајван: Тоа мешање во внатрешните работи на Кина

t

Посетата на американската сенаторка Марша Блекбурн на Тајван покажува дека Вашингтон не сака стабилност во регионот, соопшти кинеската амбасада.


„САД демонстрираат дека не сакаат стабилност во Тајванскиот теснец“, соопшти амбасадата во широко распространет коментар.
Дипломатското претставништво соопшти дека ги сметаат дејствијата на САД како мешање во работите на Кина.

Како што е соопштено, Блекбурн, го претставува Сенатот на Тенеси и е членка на комисијата за оружје и трговија, пристигна во Тајпеј во тридневна посета.


Патувањето на американската конгресменка на Тајван доаѓа во време на екстремни тензии меѓу САД и Кина. Неодамнешното патување на островот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, предизвика голема резонанца и протест во Пекинг. Кинеските власти укажаа на недозволивоста на посетата на островот, кој Пекинг го смета за територија на НР Кина, но Белата куќа, формално уверувајќи ја НР Кина за непроменливоста на политиката „една Кина“, ескалираше, дозволувајќи му на Пелоси да патува. Како одговор, Кина спроведе големи вежби околу Тајван, воведе рестриктивни економски мерки против островот, а Пекинг воведе санкции за самата Пелоси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФБИ нуди награда за информации поврзани со…

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Познато е кој ја уби демократската претставничка…

Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…

Минесота е во шок откако државната претставничка…