Објавено на:

Германија ги враќа “ограбените” бронзени скулптури во Африка

t

Германија потпиша договор за враќање на бронзени предмети кои се во сопственост на Нигерија на Бенин, меѓу кои спаѓаат и најзначајните културни артефакти во Африка кои биле „ограбени“ во 19 век, пренесува „Ројтерс“.

Британските војници зеле стотици бронзи – сложени скулптури и плакети кои датираат од 13 век – кога го нападнале Кралството Бенин, лоцирано во денешна југозападна Нигерија, во 1897 година.

Артефактите завршиле во музеите низ Европа и САД. Африканските земји со години се бореа да ги вратат назад во нивните музеи.

Германија ја врати првата од скулптурите во Нигерија во јули.

Фондацијата за пруско културно наследство (СПК) и Националната комисија за музеи и споменици на Нигерија (НЦММ) потпишаа договор за пренесување на нивната сопственост од колекцијата на Етнолошкиот музеј во Берлин во Нигерија.

Договорот, кој СПК го опиша како досега најголемо пренесување на музејски артефакти од колонијален контекст, опфаќа 512 предмети кои завршиле во Берлин по грабежот во 1897 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мртво бебе оставено во торба на улица…

Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…

BMW инвестира 2 милијарди евра во Германија,…

Акциите на германскиот автомобилски гигант BMW во…

Секој четврти вработен во Германија има имигрантско…

Германската економија во голем број сектори има…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Воен авион се урна во американска воздушна…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…

Mercedes-Benz би можел да затвори две фабрики…