Бомба од Киев: Од 2019 се подготвуваме за војна
Владата на Украина почна да се подготвува за „голема војна“ од крајот на 2019 година, изјави за телевизискиот канал NBC секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов.
„Се подготвувавме за војна, подготовката започна по 8 декември 2019 година, кога претседателот Зеленски не се согласи во Париз со условите што ни ги предложија Русија, Франција и Германија. Најблаго кажано, тој рече: „не, пријатели, нема да има три Минск, ние ќе ја браниме нашата земја“. Следниот ден сфативме дека голема војна со Руската Федерација е неизбежна“, изјави Данилов.
Според него, тие ја започнале подготовката „многу претпазливо“, поради што „по 180 дена руските специјални операции се на нивна територија“.
Одговарајќи на прашањето на водителот зошто украинските власти не ја објавија оваа информација порано, Данилов одговори дека властите не се обврзани да објавуваат се.
„Да ве предупредевме дека утре ќе има војна, да не се случат одредени работи, денес непријателот веќе ќе беше во Варшава, Талин, Вилнус и други градови“, рече Данилов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…
Киев продира стотици километри во руската територија,…
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека украинските…