Маричиќ за бугарските апетити: Македонците во Албанија се силно етаблирани и не треба да се плашиме од никого
„Нашите луѓе, односно Македонците во Албанија, се етаблирана заедница, има политичка партија, Македонска Алијанса за Европски Интеграции, имаше до минатиот состав, до скоро, политички претставник, пратеник во Собранието, има градоначалник Македонец во Албанија и сметаме дека така силно етаблирани не треба да се плашиме од никого, или од што било“- изјави вицепремиерот Маричиќ во вестите на „Канал5“.
Маричиќ потенцираше дека Македонија има уставна обврска да се грижи за нејзините државјани и дека секогаш на Македонците во Албанија државата им помагала.
„Ако се сеќавате имаше отворање на училиште на македонски јазик таму, и тоа е дел од таа помош. Меѓутоа, тоа што некој, или група луѓе одлучиле да земат државјанство на некоја друга држава, па врз основа на тоа им пристапуваат и бараат поинакво изјаснување, сепак е обврска на секој човек, на секој граѓанин на Албанија, на пописот како што сака да се изјасни слободно“, истакна Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…
Лани 2.805 Македонци добиле германско државјанство
Бројот на луѓето кои добиле германско државјанство…