Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин уапсен на граничниот премин Морина

t

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со меѓународна потерница поради сомнение за вмешаност во убиство во Македонија, е уапсен на граничниот премин Морина, при обид да влезе во Албанија.

Како што соопшти албанската полиција, припадници на граничната полиција во Морина, во соработка со Интерпол Тирана, го идентификувале и го привеле лицето со иницијали Б. К., со живеалиште во Турција.

По извршените проверки било утврдено дека 31-годишникот се наоѓа на меѓународна потерница распишана од властите во Македонија, поради сомнение за учество во убиство. Потрагата по него била заснована на наредба од 27 октомври 2026 година, издадена од Основното јавно обвинителство Скопје.

По апсењето, специјалистите за истрага на тешки кривични дела при Полициската управа во Кукс ги презеле соодветните постапки за негово екстрадирање во Македонија.

Албанскиот Интерпол, во соработка со надлежните институции во Македонија, продолжува со процедурите за екстрадиција на 31-годишникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

42 годишна жена од Македонија загина во…

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…

Во Албанија нема веќе средна класа –…

Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…

Голема полициска акција против организирана криминална група…