Не се само возачите виновни: МВР санкционираше 142 пешаци во Скопје
Во текот на вчерашниот ден (26.08.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата, санкционирани се 142 пешаци од кои, 118 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
На 17 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука.
За време на контролата регистрирани се и 44 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…