Пендаровски: Нека молитвите кон Пресвета Богородица ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.
-Од сѐ срце ви посакувам празникот посветен на Пресвета Богородица да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и среќа. Токму Успение на Пресвета Богородица попознат меѓу народот како Голема Богородица, како еден од неколкуте празници посветени на Мајката Божја, несомнено има долга и богата традиција на заеднички собири и прослави, наведува Пендаровски.
На овие собири, се додава, се дели трпезата, но и добриот збор и се дарува внимание и љубов.
-Имајќи ги предвид сите искушенија со кои се соочуваме, да се инспирираме од големиот празник и да останеме сплотени, единствени, солидарни и грижливи за ближните. Само така можеме да ги надминеме сите кризи и искушенија. Нека молитвите кон Пресвета Богородица, ги стоплат нашите срца и нѐ облагородат со смирение, духовност и верба во иднината. За многу години празникот, стои во честитката од претседателот Стево Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Траги-комично: Пошта ја испорача новогодишната честитка за…
Пошта ја испорача новогодишната честитка за патениците…
Иконата Богородица -Троеручица пристигнува од Света Гора…
Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета…
Продолжуваат гужвите на „Богородица“ и „Табановце“
И покрај тоа што завршува летната сезона,…
На Табановце и Богородица за влез и…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Еѓипќанец уапсен на „Богородица“
На 25.05.2024 во 10.00 часот на Граничниот…