Песимистичка прогноза на Бербок за Украина: Војната може да трае со години…
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок смета дека војната во Украина може да трае со години и дека поради ова нејзината земја мора да продолжи со вооружена помош за Киев.
„Мораме да тргнеме од фактот дека на Украина ќе и треба повеќе ново оружје од нејзините пријатели и следното лето“, рече Бербок.
Таа посочи дека Украина ги брани слободата и светскиот поредок и дека Германија на таа земја ќе и дава финансиска и воена поддршка се додека е потребно.
Бербок го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека имал „луда идеја“ обидувајќи се да ја окупира Украина за кратко време, што не се оствари.
Шефот на германската дипломатија го поддржа барањето на Украина за враќање на Крим.
„Крим и припаѓа на Украина. Нелегалната анексија во 2014 година никогаш не беше призната од светот“, подвлече Бербок.
Таа сепак предупреди и на големите последици од војната кои ќе се почувствуваат и во Германија.
“Ние ги чувствуваме последиците од енергетската војна на Путин врз нашите џебови. Социјалната поделба е дел од планот на Путин. Тоа мора да го спречиме. Тоа ќе биде трнлив пат, но дел од политичката одговорност е да се ублажат социјалните последици поради високите цени на енергијата “, предупреди Бербок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црна Гора испраќа војници во Украина!
Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…
Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…
Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…
Украина врати група воени заробеници во Русија
Украина ја врати втората група руски војници…
ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…
Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…