ЕУ планира да го суспендира договорот со Русија за визно олеснување
Европската унија има намера следната недела да ја суспендира важноста на договорот со Русија за олеснет визен режим, пишува денеска „Фајненшл тајмс”.
Британскиот дневен весник наведува дека планот за замрзнување на договорот од 2007 година ќе го отежне и поскапи добивањето патни документи во Шенген зоната за слободно движење за руските граѓани.
Според извори на изданието во Брисел, одлуката ќе ја донесат министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во вторник – првиот ден од нивната неформална средба во Прага, но ќе биде објавена – в среда.
„Несоодветно е руските туристи да се шетаат низ нашите градови. (Европската унија) треба да испрати сигнал до населението на Русија дека „специјалната воена операција” во Украина е неприфатлива”, изјави еден од изворите за весникот.
Претходно оваа недела, земјите од ЕУ кои граничат со Русија се заканија дека еднострано ќе ги затворат границите за руските туристи доколку таквата одлука не биде донесена на ЕУ ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…
Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…
Србија не побара помош од ЕУ за…
Србија не го активирала Механизмот за цивилна…
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…