Не’ очекуваат страшни проблеми ако ЕУ не го интегрира Западен Балкан
ЕВРОПА ќе доживее нови стратешки проблеми доколку не успее да ги интегрира земјите од Западен Балкан, изјави денеска во Блед унгарскиот министер за надворешни работи и трговија – Петер Сијарто.
Унгарецот на Бледскиот стратешки форум рече дека западниот наратив за конфликтот во Украина не е ист во земјите кои не се на европскиот и северноамериканскиот континент. Унгарскиот министер ова го смета за еден вид стратешки пораз за Европа и посочува дека затоа е клучно Европа што поскоро да постигне мир во својата средина.
„Мислам дека сегашната ситуација мора јасно да им покаже на сите дека Европската унија мора да ја забрза интеграцијата бидејќи колку сме поголеми, толку сме посилни“, рече Сијарто.
„Ако не можеме повеќе да се интегрираме, особено Западен Балкан, нè очекуваат нови стратешки проблеми“, заклучи Сијарто, министерот на земјата која побара и доби изземање од европските санкции за рускиот енергетски сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…