Але: Се чувствувам добро, сонувам да се вратам и да постигнам гол пред „жолтиот ѕид“!
„Кога заминав во Дортмунд сè беше во ред, моето семејство беше и луѓето околу мене беа среќни со новата средина. Меѓутоа, потоа почнав да чувствувам некоја непријатност во стокамот. Оттогаш почна да се развива многу бргу. Следниот ден магнетна во 9 часот наутро. Рекоа видовме нешто, треба да провериме повторно, да направиме биопсија. Во рок од 24 часа ми направија многу тестови, требаше да чекам за операција за да се осигураат за што точно станува збор. Проверија и излезе тоа што е и можам да кажам само дека бев многу среќен што се откри така бргу.“, вели Але.
„Првото нешто што помислив ‘ајде, па поминаа само 10 дена, две недели и не можам да играм“. Мислев и на Борусија, не излезе баш добра зделка за клубот, но кога ќе дојде вакво нешто не можете да знаете или да го избегнете. Кога го имате овој третман, пет дена сте во болница и 24 часа не смеете да мрдате. Во тоа време неизбежно губите мускули и губите од вашата физичка кондиција“, сподели репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.
„Сега се чувствувам многу добро. Од првиот ден кога се вратив дома почнав да одам, бев и во вежбалната, дури на исто ниво како пред неколку месеци, тоа е добар знак. Ги имам сопругата, мајка ми покрај мене, јадам добро и многу луѓе ми помогнаа, ми ја дадоа оваа доверба. Примив многу поддршка. Мојата прва цел е да се вратам на теренот, да играм пред ‘жолтиот ѕид’ и да го постигнам првиот гол пред нив. Мислам дека ќе биде специјален и посебен момент. Иако бев само две недели во клубот, ми дадоа голема поддршка и благодарение на нив ќе се вратам на теренот многу бргу“, додаде Але.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еве како полицијата во Италија се подготвува…
Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…
Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…
Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…