Човекот кој ќе ја менува Русковска додека се одвивал претресот во Финансова седел во кафеана со Арафат Муареми!

t

Инфомакс ексклузивно дознава дека обвинителот на поранешното СЈО, Трајче Пеливанов на денот на претресот во Финансова полиција бил во кафеана заедно со тогашниот директор на управата, Арафат Муареми.

Додека шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е под супсензија токму обвинителот Трајче Пеливанов кој речиси две години е во Обвинителството за гонење организиран криминал, по предлог на републичкиот обвинител Љубомир Јовески и одлуката за избор од Советот на јавни обвинители, ќе раководи со оваа институција.

Како што дознаваме на дента на фамозниот претрес во Финансова полиција обвинителот Трајче Пеливанов бил во кафеана со тогашниот директор на Финансовата управа, Арафат Муареми и Љуљзим Јашари инспекторот на Финансова кој бил десна рака на директорот во рекетарската шема

Споменатите биле забележани во ресторанот „Стара градска куќа“ истиот ден додека траел претресот.

Инфомакс стапи во контакт со обвинителот Трајче Пеливанов кого директно го прашавме за што разговарал со Муареми и Јашари додека неговите колеги вршеле претрес во институцијата со која раководи токму Арафат.

На прашањето Пеливанов не одговори, а потоа го исконтактиравме по телефон, кус разговор во кој ни соопшти дека бил во гужва и дека не може да разговара.

Два дена по разговорот, Инфомакс се уште не доби одговор за што се разговарало на средбата.

Пеливанов беше дел до тимот на Катица Јанева во Специјалното јавно обвинителство каде беше четири години, односно од 2015 до 2019 година. Токму СЈО заврши неславно откако неговата Шефица Јанева беше фатена во мега криминал со аферата „Рекет“, а потоа се испостави и дека вработените во обвинителството си давале незаконски бонуси од буџетот на Република Македонија вредни илјадници евра.

По 87 илјади евра за 4 години надвор од редовната плата зеле Фатиме Фетаи, Љубомир Лапе, а илјада евра помалку зеле Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски. Обвинителката Ленче Ристоска зела најмалку, 72 илјади евра

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ се сретна со Филип Рикер, разговараа…

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со…

Турција ќе го поддржи Руте за генерален…

Турција го поддржува холандскиот премиер во заминување…

(Видео) Големи антивладини протести во Братислава, Словаците…

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека…

Берлин го повика на разговор рускиот вршител…

Германската Влада денеска соопшти дека го повикала…

„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден…

Вчера во 11.50 часот во Полициската станица…