Објавено на:

Запрени испораките на гас преку “Северен тек”

t

Северен тек, главната рута за испорака на руски гас во Европа, беше суспендиран на три дена, од 04:00 часот на 31 август до 04:00 часот на 3 септември поради рутинско одржување на единствената гасна турбина на компресорската станица Портоваја.

Поправката ќе ја вршат експерти од Гаспром и Сименс. Германската компанија, според техничката документација, треба да ја сервисира единицата на секои 1000 часа – да го прегледа и исчисти куќиштето, да ги провери сигурносните вентили и да го прилагоди системот за контрола на протокот на воздух.

Тридневното исклучување на гасоводот ќе ја лиши Европа од речиси 100 милиони кубни метри руски гас, што одговара на два дена полнење на подземните складишта во регионот. По завршувањето на работите, транспортот на гас ќе биде вратен на ниво од 33 милиони кубни метри дневно.

Минатата недела цените гасот на берзата ја надминаа границата од 3.500 долари за илјада кубни метри, што е рекорд од март годинава. Овој пораст на цените на европските пазари е последица на неизвесноста во однос на понудата.

„Северен тек“ работи со ограничувања од средината на јуни, а од крајот на јули работи со само 20 отсто од речиси 170 милиони кубни метри пропусен капацитет дневно. Руската страна истакна дека намалувањето на понудата настанало исклучиво поради санкциите, што предизвикало проблеми во одржувањето и поправката на гасните турбини. Сега линијата ја обезбедува само една турбина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испораките на руски гас во Кина ќе…

Русија и Кина разговараа за прашањето за…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…

Во Осиек дошло до експлозија во стан…

Молдавија сепак ќе купува гас од Русија

Како што се приближува зимата Молдавија се…

Расте цената на нафтата, се намалува цената…

Природниот гас во Европа утрово падна за…