МОН објаснува: Ученицте нема да добијат скрипти туку квалитетни материјали
Дистрибуцијата на новите материјали за учење што ги подготви Министерството за образование и наука во соработка со Бирото за развој на образованието, наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми е во тек и ќе се заокружи пред почетокот на учебната година, информираат од Министерството за образование и наука.
Учениците нема да добијат скрипти, туку материјали кои се квалитетни, креативни и го разработуваат наставниот материјал за првото тримесечје. Во меѓувреме, во тек се постапките за одобрување на нови учебници за овие одделенија и наставни предмети. Сите се во различна завршна фаза и етапно ќе бидат заокружувани, информираат од МОН.
Паралелно, додаваат од Министерството, до училиштата се врши и достава на учебниците за сите останати одделенија – трето, шесто, седмо, осмо и деветто и со оглед на тоа што процесот е интензивиран се очекува да заврши до крајот на утрешниот ден.
Министерството за образование и наука упатува апел до раководствата на основните училишта да ги подигнуваат материјалите за учење и учебниците од просториите на општините и да организираат нивна распределба и доделување на учениците на првиот училиштен ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца ученици со потекло од БиХ се…
Утрово во училиште во австрискиот град Грац…
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…
МОН ќе чека да заврши кривичната постапка,…
Од Министерството за образование и наука денеска…
Девојче земало 25 илјади евра од дома…
Скопската полиција информира дека малолетничка од Скопје…
(Видео) Децата бараат да учат без стаорци,…
Глувци се пронајдени во Основното училиште „Панајот…