Бербок нема да ги слуша Германците: И да притестираат нема да се тргнат санкциите за Русија!
Германија мора да ја поддржи Украина, па дури и Германците да излезат на улица поради растечките цени на енергенсите, смета германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
– Ако им ветам на луѓето во Украина – ние сме со вас додека сме ви потребни – тогаш сакам тоа и да го исполнам. Без оглед на тоа што моите германски избирачи ќе помислат, јас сакам тоа да му го понудам на украинскиот народ, истакна Бербок.
Таа додаде дека санкциите против Русија ќе останат на сила и во зимскиот период, дури и политичарите да бидат соочени со незадоволни граѓани.
– Сега се соочуваме со зимата, кога ќе бидеме предизвикани како демократски политичари. Луѓе ќе излезат на улица и ќе кажат: Не можеме да ги платиме нашите цени на енергенсите. А јас ќе речам: Да, знам, ние ќе ви помогнеме со социјални мерки. Но, не сакам да одговорам: Океј, тогаш ги запираме санкциите против Русија. Ние ќе бидеме покрај Украина, а тоа значи оти санкциите ќе останат и зимата, дури и да им биде многу тешко на политичарите, појасни Бербок.
Медиуми пишуваат дека наводите на министерката од редовите на Зелените, предизвикале бројни критики од десничарската Алтернатива за Германија и левичарски партии, сметајќи оти на Бербок поважни ѝ се украинските од германските граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…