И Турција ќе го менува Уставот: Според Ердоган бил заостанат

t

Во текот на изминатите 20 години, во Турција беа спроведени важни реформи насочени кон заштита на правата и слободите на граѓаните и зајакнување на владеењето на правото, рече Ердоган во четвртокот во говорот пред Врховниот суд на Турција.

Турскиот претседател истакна дека сегашниот турски устав е усвоен во 1982 година и повеќе не одговара на современите предизвици, иако во него се направени голем број амандмани.

Ердоган потсети дека минатата година владејачката Партија на правдата и развојот го подготви својот нацрт за основниот закон на земјата, но иницијативата не доби соодветна поддршка од другите политички сили. Нема да седиме со скрстени раце и повторно ќе го покренеме ова актуелно прашање“, увери политичарот.

Тој рече дека Турција планира да воведе систем за „правно одбранбено осигурување“ што веќе се користи во голем број земји.

„Одредени кругови се обидуваат да го претворат судскиот систем на Турција во алатка на криминалните организации. Нема да дозволиме тоа да се случи! Светската заедница еднаш засекогаш ќе разбере дека Република Турција не е земја што е играчка во рацете на мрачните сили“, увери тој.

Турскиот претседател го критикуваше и Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Ердоган го нарече ЕСЧП структура која е далеку од праведна и носи политички мотивирани одлуки: „Кога станува збор за Турција, се носат политички мотивирани пресуди, но кога се работи за Германија или Франција, одлуките се носат на сосема поинаков начин“, кажа тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Турција над 14.000 луѓе повредени при…

Министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу,…

Пожар во живинарска фарма во Турција, настрадаа…

Голем пожар избувна во живинарска фарма во…

Турција: Развивме дронови кои полетуваат и слетуваат…

Најновото борбено беспилотно летало од домашно производство…

Размена на тешко ранети војници и можна…

На денешната средба помеѓу руската и украинската…

Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи…

Турската полиција во Истанбул откри и заплени…