Објавено на:

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател на Турција на предвремените избори во 2028 година

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се кандидира за нов мандат на предвремени избори, кои најверојатно би се одржале на 16 април 2028 година. Ова го изјави неговиот советник Мехмет Учум, пренесуваат телевизијата NTV и весникот „Џумхуриет“.

„Ако 360 пратеници го поддржат предлогот за одржување нови избори, тие ќе се одржат на 16 април 2028 година“, изјави Учум.

Редовните претседателски и парламентарни избори во Турција треба да се одржат во мај истата година. Нивното предвремено распишување со одлука на парламентот, сепак, би му овозможило на Ердоган повторно да се кандидира.

Според турскиот Устав, парламентот може да распише предвремени избори доколку предлогот добие поддршка од најмалку 360 од вкупно 600 пратеници. Доколку парламентот донесе таква одлука за време на вториот претседателски мандат, актуелниот претседател може повторно да се кандидира.

Владејачката исламистичко-конзервативна Партија на правдата и развојот на Ердоган и нејзиниот националистички сојузник, Партијата на националистичкото движење, заедно имаат 326 пратенички места. Тоа значи дека за усвојување одлука за предвремени избори им се потребни уште најмалку 34 гласа од други политички сили.

Владата повеќепати досега изјавуваше дека изборите ќе се одржат во редовниот рок. Коментарот на Учум, сепак, ги засилува шпекулациите дека владејачките партии би можеле да побараат поддршка за ограничено поместување на изборите – само за неколку недели, но доволно за да се создаде уставна можност за нова кандидатура на Ердоган.

Ердоган дојде на власт како премиер во 2003 година и ја предводеше владата во три мандати. Во 2014 година беше избран за претседател.

По преминувањето на Турција кон претседателски систем, Ердоган победи на изборите во 2018 година, а во 2023 година беше реизбран за нов петгодишен мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган повторно ќе се кандидира за претседател…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе се…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…

Дронови, хеликоптери и 31.000 надзорници ги обезбедуваат…

Новата учебна година во Турција почна денеска…

Турски суд праќа 16 лица во притвор…

Турски суд нареди притвор на 16 лица…

Фидан: Ердоган планира да ја посети Сирија

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, за…