Прашањето за репарација е затворено: Германија ѝ врати на Полска
Прашањето за репарации поради окупацијата на нацистичка Германија е заклучено, соопшти официјален Берлин, откако Полска вчера излезе со ставот дека проценетата штета од германската окупација во Втората светска војна узнесува 6.200 милијарди злоти и дека ќе бара исплата на тие средства.
„Ставот на германската Влада не е променет. Прашањето за обештетувањето е заклучено”, изјави преку е-пошта портпаролот на германското МНР.
„Полска се откажа од натамошни репарации многу одамна, во 1953 година. Таа откажувањето неколку пати го имаше потврдено. Тоа е основата на денешниот европски поредок. Германија стои на својата политичка и морална одговорност за Втората светска војна”, додаде портпаролот.
-Полска процени дека нејзината воена штета од нацистичката агресија изнесува околу 1.320 милијарди долари и официјално ќе побара репарации од Германија, изјави вчера лидерот на најголемата полска партија, Јарослав Качински.
Британските медиуми пренесуваат дека оваа нова проценка на штетата е повисока од 850 милијарди долари што во 2019 година ги претстави претставник на полската владејачка партија Право и Правда (ПиС).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…
ИФО: Редовниот воен рок може да ја…
Темата за враќање на обврската за отслужување…