Ништо од намалувањето? БЕГ нема правна основа за вметнување субвенции во августовските сметки за парно
Владата сѐ уште не ги исплатила субвенциите кои БЕГ ги пресметуваше во фактурите за топлинска енергија кои им ги доставуваше на потрошувачите за февруари, март и април годинава. Според БЕГ Снабдување, станува збор за 99,6 милиони денари, кои до овој момент се на товар на компанијата.
Во соопштението од БЕГ дадено по изјавата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, кој побара компанијата да ги сторнира издадените сметки за август и да изготви нови, од компанијата посочуваат дека услугата снабдување со топлинска енергија за грејната сезона 2022/2023 се фактурира согласно последната Одлука донесена од страна на Регулаторна комисија за енергетика донесена на 29.07.2022 година.
Одлуката на Владата за субвенционирање е истечена на ден 30.04.2022 година, односно не постои правен основ за аплицирање на субвенции во авансните августовски фактури до потрошувачите – велат од БЕГ.
Оттаму посочуваат дека редовна пракса е фактурите во месеците кога не се испорачува топлинска енергија да се доставуваат до потрошувачите на крајот од тековниот месец, а рокот за нивно плаќање како и секогаш е на 21-виот ден во следниот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре истекува рокот за понуди за наследник…
Утре до 13 часот завршува рокот за…
Бислимовски: Сметките за август на БЕГ се…
Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни,…
Ништо од намалувањето? БЕГ нема правна основа…
Владата сѐ уште не ги исплатила субвенциите…
БЕГ наплати 553.000 евра дивиденда од фирмата…
Скопјани постојано се жалеа на ладни радијатори…
Официјално: БЕГ остана без лиценца за дистрибуција…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги…