Затвореник избегал од кумановскиот затвор, полицијата го најде и го врати
Полициски службеници од СВР Штип вчера околу 17 часот го привеле Ш.Н.(30) од Штип. Тој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор. Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба”. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
При претрес на затвореник во Идризово најдена…
Полицијата добила пријава од затворот Идризово дека…
Велешанец излегол на викенд од затвор, полицијата…
Велешката полиција привела затвореник, кај кого нашла…
МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…