Македонците во САД-вековен идентитет во континуитет: Изложба на Васил Стерјовски
Еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија и заштитата на македонскиот идентитет Васил Стерјовски, во Штип ќе ја претстави својата изложба насловена „Македонците во САД-вековен идентитет во континуитет”.
За МИА тој рече дека изложбата содржи многу документи од архивите на САД за македонската посебност од крајот на XIX и почетокот на XX век.
– Изложбата е во рамките на настанот по повод одбележувањето на 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија и 73 години од крајот на граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, додава Стерјовски.
Според него, овој значаен настан е организиран од здружението на Македонците од егејскиот дел на земјава „Мирка Гинова” од Штип, во соорганизација со локалната самоуправа на општина Штип и ДПС Лисец од Штип.
– Настанот и изложбата ќе се одржат на 8-ми септември 2022 година (четврток) со почеток во 10:30 часот, во дворот на македонската православна црква „Св. Константин и Елена” во населбата „Балканска” во Штип, Македонија, рече тој.
Стерјовски е лидер на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, претседател на македонското друштво „Сонце” и поранешен пратеник во албанскиот парламент, прв пратеник Македонец, кој јавно ја декларира својата етничка припадност.
Фото: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…