Објавено на:

Медведев: Нуклеарниот арсенал е најдобрата гаранција за Русија

t

Нуклеарниот арсенал е најдобрата гаранција за зачувување на Русија, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев. Коментирајќи го, како што рече, „колосалниот“ советски нуклеарен арсенал што остана во Русија по распадот на Советскиот Сојуз, тој рече дека тоа е најдобрата гаранција за зачувување на руската моќ. „Целиот стратешки нуклеарен арсенал тогаш беше оставен во оваа земја. И го одржавме на многу високо ниво. И тоа е најдобрата гаранција за зачувување на руската моќ“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.

Тој исто така предупреди дека „англосаксонските обиди за распарчување на Русија се крајно опасни и не можат да се потценат“, пренесува Танјуг.

„Западот верува дека треба да направи се за да ја турне оваа земја во нова рунда на распаѓање, користејќи го воениот конфликт во Украина“, рече Медведев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…

Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…

Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…