Медведев се потсмева со Европа: Слободно ограничете ја цената на гасот и ќе останете без него
Поранешниот претседател на Русија и заменик-шеф на Советот за национална безбедност, Дмитриј Медведев, ја коментирал одлуката на земјите од Г7 да го поддржат воведувањето ценовни ограничувања за увозот на руски гас.
Одлуката на најбогатите земји во светот, според анализите на медиумите, наиде на големо незадоволство кај руските претставници, вклучително и кај самиот Медведев, кој рекол дека таквиот потег може да создаде дополнителен проблем, особено ако Европската Унија одлучи официјално да воведе таква одлука.
„Дојде време Европската Унија да воведе горна граница на цената на гасот што се увезува од Русија. Така рече тетка Фон дер Лајен. Едноставно е, ќе биде исто како и со нафтата. Нема да има повеќе руски гас во Европа“, рекол Медведев.
Медиумите потсетуваат, дека откако земјите од Г7 ја поддржаа одлуката за воведување горна граница на цената на руската нафта и гас, овој потег го поддржа и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
„Работевме напорно за да ја прекинеме нашата зависност од рускиот гас со тоа што ќе се свртиме кон други добавувачи. Како резултат на тоа, Норвешка сега и испорачува повеќе гас на Европа отколку Русија. Исто така, САД ја снабдуваат Европа со значителни количини течен природен гас“, рече таа.
Земјите од Г7 потврдија дека и покрај ограничувањата за нафтата, ќе развијат механизми кои ќе им овозможат на ранливите земји да го задржат пристапот до енергетските пазари, вклучително и Русија“, пишува руската агенција РИА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…
„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…
Иранската влада побарала од Русија напредни радари…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…
Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…
„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…
Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…
Министерот за надворешни работи и надворешни економски…