Рама: Имам различно мислење од Косово за дијалогот со Србија

t

Албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш од Белград повтори дека секоја земја во регионот треба да биде дел од иницијативата Отворен Балкан. Во интервју за „Еуроњуз Србија“, тој зборуваше за односите меѓу Албанија и Србија, и за косовското прашање. Кажа дали може да го замисли Албин Курти како седи на иста маса со другите лидери на Отворен Балкан.

„Јас мислам дека тоа и ќе се случи. Се разбира, по цена на изгубеното време. Косово еден ден ќе биде во Отворениот Балкан. Нема сомнеж за тоа, бидејќи тоа е иднината. Или ќе бидеме овде, заедно, да ги славиме производите на нашите народи, да им помагаме да произведуваат и тргуваат повеќе или ќе поттикнуваме конфликти, крв и сè друго. Сите знаат дека јас сум 100 отсто на страната на косовската влада кога станува збор за признавањето. Сепак, не е тајна дека имам различно мислење од косовската влада кога станува збор за дијалогот со Србија и пристапувањето во Отворен Балкан. Сметам дека Косово треба да учествува во Отворен Балкан. Претседателот Вучиќ вели дека секој може да седне на таа маса. Да се вратиме во август. Ако имаше Отворен Балкан, тој специфичен проблем ќе се решеше преку Отворен Балкан. Проблемот со личните карти, токму со тоа се занимаваме. Ако е така, пронајдено е решение кое ќе избегне посложени проблеми. На крајот сепак, тоа е решението. Денеска таму нема конфликт. Од тој настан може да се извлечат две лекции. Прво – видовме дека може да се дојде до решенија без прибегнување кон максимални тензии и без да се трошат години за да се најде решение и второ – тоа е решение од доминацијата на Отворениот Балкан“, изјави Рама.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…

Во петокот рано наутро дошло до пукање…

Мали: Србија е на прво место по…

Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…

ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…

Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…

Србија ги прати во Косово посмртните останки…

Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…

Вучиќ: Не ми паѓа на памет да…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…