Киев очекува да добие пет милијарди евра помош од ЕУ
Премиерот на Украина, Денис Шмихал, денеска во Берлин изјави дека Киев очекува да добие пет милијарди евра макрофинансиска помош од Европската Унија следните недели.
–Помошта од ЕУ ќе придонесе за стабилност на украинската економија, армија и претстојната грејна сезона, објави Шмихал на Телеграм пред средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.
Украинскиот премиер рече и дека Германија есенва ќе и достави на Украина софистицирани системи за воздушна одбрана.
Шмихал вчера допатува во Берлин, а денеска покрај средбата со Штајмајер предвидено е да се сретне и со германскиот канцелар Олаф Шолц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…