Објавено на:

Иран инсталира одбранбени системи за хемиски напад во 51 град

t

Иранските власти денеска соопштија дека инсталирале одбранбени системи во над 50 градови за да пресретнат можни „биолошки, радиолошки и хемиски напади”.

Иранското Министерство за одбрана соопшти дека 51 град се опремени со потребната опрема за „идентификување и следење на сите видови биолошки, радиолошки и хемиски закани”.

Градот Сардашт, курдски град во северозападниот дел на Иран, на 28 јуни 1987 година беше цел на ирачко бомбардирање со хемискиот отров иперит, што беше прв напад од ваков вид во урбана средина. Во нападот загинаа 119 лица, а 1.518 се повредени.

На годишнината од овој напад, лани иранските власти најавија дека мора да бидат подготвени да се бранат од можни нуклеарни, биолошки и хемиски напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во телефонско интервју…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…