Пукање или тешка сообраќајна несреќа? Затворен за сообраќај автопатот Свети Николе-Скопје!
Доцна попладнево тешка сообраќајна несреќа целосно го затвори автопатот од Свети Николе кон Скопје, дознава 4NEWS.mk
Според наши информации во моментов на терен е полицијата и возило на брза помош. Започнат е увид, па поради тоа не се пропуштаат возила на автопатот.
И неколку граѓани пријавиле дека на овој патен правец има застој. Во моментов немаме информации за состојбата на учесниците во сообраќајот
Во меѓувреме Фактор објави дека причина за затварањето на автопатот било пукање:
На автопатот Штип-Скопје, по Свети Николе, попладнево имало пукотници, дознава Фактор. Според нашите информации, додека полицијата вршела увид, сообраќајот бил затворен, по што се создала поголема редица од возила. На патот имало чаури од испуканите куршуми. Според очевидците, на местото на настанот пристигнале неколку полициски возила.
Се очекуваат детали од МВР
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа утрово во Хрватска: Се преврте…
Страшна несреќа се случи утрово на автопатот…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
Обвинителството ги повикува граѓаните кои имаат докази…
Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на…
Обвинение за српскиот војник кој предизвика сообраќајка…
Вишото јавно обвинителство Краљево поднесе обвинителен акт…
Човек загина по удар од воз кај…
На железничката пруга кај булеварот „Србија“, синоќа…