ОВОЈ ПАТЕН ПРАВЕЦ ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА – доколку тргнувате на пат ова мора да го имате на ум!
Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим, комплетно затворање на сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница.
-Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат, дека, од денеска (понеделник) до 07.09.2022 година (среда) во периодот од 10:00 до 16:00 часот, поради рехабилитација на регионалниот пат Маврово – Дебар ќе биде воспоставен времен режим-комплетно затворен сообраќај на делницата Маврови Анови – Жировница, информираше општина Маврово и Ростуше.
Според изведувачот на работите, Градежното претпријатие „Пелагонија“ од Гостивар ќе се реализира испитување на мостовските конструкции на патот, во рамки на проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради…
Полска ја предупреди Украина за последиците од…
Украина ќе добие над 6 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека Украина ќе…
Михаилов: Ова што ни се случува на…
Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов…
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…