СЈО се уште не арчи: Обинителите земале плата, а клателе врата – еден од пулените на Катица и по три години се уште не се појавил на работа?!

t

Редакцијата на Инфомакс дојде до фрапантни податоци за работата на обвинителите од поранешното СЈО кои и натаму останаа само товар на грбот на граѓаните.

По расформирањето на Специјалното јавно обвинителство, обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Елизабета Јосифовска, Трајче Пеливанов, Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми и Љубомир Лапе требаше да се вратат во матичните обвинителства, но како што дознаваме тоа го сториле само на хартија без да извршуваат работни задачи во истите.

Советот на јавни обвинители уште во септември 2019-та година го констатираше прекинувањето на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, по што тие требаше да започнат со работа во матичните обвинителства.

Обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро требаше да се вратат во Основното јавно обвинителство Скопје, Лиле Стефанова во Радовиш, Бурим Рустеми и Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во ОЈО Кичево, додека Стевчо Донев во ОЈО Кочани.

Сепак како што дознава Инфомакс тие не ги извршувале своите работни задачи во матичните обвинителства и едноставно биле привилегирани, дел од нив до денес немаат ниту еден работен ден од расформирањето на СЈО во матичните обвинителства.

Инфомакс испрати прашања до советот на Јавни обвинители какви работни задачи извршувале во матичните обвинителства во периодот додека не биле прераспределени на други позиции гореспоменатите обвинители.

Односно дали обвинителите земале плата од матичните обвинителства без да извршуваат работни задачи во истите се до нивната прераспределба во Скопје?

Eдна недела подоцна нашата редакција се уште нема одговор на овие прашања испратени на меил адресата на Советот.

Нема одговор ниту на прашањето кои биле работните задачи во изминатите три години на обвинителот Љубомир Лапе кој се уште се води како вработен во кумановското Обвинителство иако како што велат нашите извори не води предмети и живее во Скопје.

Како што дознаваме Љубомир Лапе се уште не се појавил на работа во ОЈО Куманово. Зема плата со надоместоци, а против него е покрената и дисциплинска постапка која најеверојатно се наоѓа во некоја фијока додека обвинителката Вилма Русковска и нејзиниот тим беа експресно супсендирани откако отпочна постапка против екс директорот на Финансова полиција, Арафат Муареми.

Со други зборови постои сериозен сомнеж дека обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Елизабета Јосифовска, Трајче Пеливанов, Фатиме Фетаи, Бурим Рустеми и Љубомир Лапе со месеци земале плата, а не работеле ништо.

Инфомакс испрати прашања и до Вишото јавно обвинителство , но и до останатите матични обвинителства кои биле работните задачи на обвинителите во изминатите три години. И од таму повеќе една недела немаме никаков одговор.

Иако обвинителствата ширум Македонија се соочуваат со недостаток на кадар, државата е среде економска криза, обвинителите од поранешното СЈО земале плата, а не оделе на работа и не извршувале работни задачи.

Сепак не се работи за изолиран скандал во кој обвинителите од СЈО го оштетиле буџетот на државата и ги злоупотребиле парите на граѓаните.

Да потсетиме дека Катица Јанева и другите обвинители од СЈО добро се „нафатирале“ за време на нивниот мандат, доделувајќи си бонуси на плата во илјадници евра. Од обвинителите најмногу се „офајдила“ Елизабета Јосифоска. Освен редовната плата, таа земала дури 107 илјади евра дополнителни пари како надоместоци. Фамозниот бонус за доверливост за неиздавање важни информации од бомбите кој е класифициран како „Други договорни услуги“, им се исплаќал на сите обвинители речиси подеднакво и годинава заклучно со августовската исплата изнесувал 2.440 евра месечно. Да потсетиме, Катица Јанева по овој основ земала 4.000 евра месечно. Таканаречениот бонус за доверливост стартувал од, за обвинителите скромни, а за јавноста енормни 1.140 евра месечно. Од септември 2016-та, бонусот пораснал на 1.500 евра, за од октомври 2017-та да се зголеми на 2.440 евра месечно.

Втора на листата е обвинителката Лиле Стефанова. Освен редовната плата, таа земала дури 94 илјади евра бонуси од СЈО. Износот на бонусите за доверливост се исти како и кај Јосифоска, но во 2016 и 2017-та, и биле исплаќани и 350 евра месечно за кирија и 53 евра на име транспортни трошоци. Пред ангажманот во СЈО, во 2015-та, Стефанова примала слични надоместоци и од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, но во помали износи. Киријата изнесувала околу 250 евра месечно.

Во топ три обвинители со највисоки бонуси се вбројува и Бурим Рустеми. Тој вкупно инкасирал нешто над 90.000 евра. Освен стандардните надоместоци за доверливост, примал и 4.200 денари месечно за транспорт од Куманово до Скопје.

Фатиме Фетаи заработила над 87 илјади евра за 4 години, но само за да молчи за информациите од бомбите. Фетаи не примала надомест ниту за кирија, ниту пак, за патни трошоци.

Слични суми на име бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 86.234 евра, односно 85 илјади евра. И двајцата, исто како и обвинителката Фатиме Фетаи, добивале надомест само за доверба, но не и за сместување во главниот град.

Ленче Ристоска, една од најекспонираните обвинителки во јавноста, се чини, најлошо се испазарила со обвинителството. Секоја година добивала иста сума за бонуси како и другите обвинители, но вкупно инкасирала 72.520 евра, само затоа што таа, за разлика од другите, не добила еднократен бонус за доверливост во последниот месец од 2015-та година.

Со ваквото делување обвинителите на СЈО и за време на својот претходен мандат, но и до ден денес дефакто злоупотребиле средства од буџетот на Република Македонија. Овие огромни злоупотреби на државниот буџет се случуваат токму за време на мандатот на Јавниот обвинител, Љубомир Јовевски кој е должен да ги спроведе решенијата за распоредување на обвинителите и да ја следи нивната работа. Јовевски морал да знае дека овие обвинители земале плата, а со месеци не оделе на работа, а притоа тој не превземал никаква активност за да спречи оштетување на државниот буџет.

Еклатантен е примерот на обвинителот Љубомир Лапе кој веќе со години зема плата од Јавното обвинителство во Куманово, плус додатоци, а таму се нема појавено на работа, ниту во било кое друго обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дарко Златев, еден од повредените во…

Дарко Златев, еден од повредените во пожарот…

МНР со апел до граѓаните да се…

МНР со апел да се избегнуваат патувања…

(Видео) Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе…

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо…

Големите експерти во енергетика: Шест дена рек…

Откако на 18 јуни Термоблокот 2 од…

(Фото) Се бара оставка на Владата: Бројни…

Во центарот на Скопје, во близина на…