Водата во Струга е забранета за пиење
Водата од водоводната мрежа во цела Општина Струга не е безбедна за пиење поради зголемена заматеност, соопшти вчера ЈП „Водовод и канализација“ – Струга.
Последните мерења покажале дека на повеќе мерни места заматеноста ја надминува дозволената граница од 1,5 НТУ. Највисока вредност од 1,89 НТУ е измерена во селото Враништа, додека во Општата болница се регистрирани 1,8 НТУ.
Зголемена заматеност е измерена и кај бензинската станица „Макпетрол“, каде што вредноста изнесува 1,64 НТУ, како и во градинката „Сонце“ со 1,62 НТУ.
Неколку загрижени жители на Струга претходно пријавиле дека водата за пиење добила необична боја.
Од претпријатието ги повикаа граѓаните да не ја користат водата за пиење до следното известување. Водата во моментов може да се употребува само за технички потреби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Водата во Струга е забранета за пиење
Водата од водоводната мрежа во цела Општина…
Мојсоска: Додека градоначалникот Ќура е на турнеја…
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска со критики…
Градоначалникот на Струга доби кривична – незаконски…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Ќ.(66)…
Стружанец лажел дека го грабнале бандити со…
32-годишен стружанец ќе одговара за лажно пријавување…
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга
Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…